Македонија 06. ноември 2020. / 19:16

(ФОТО) Мицкоски на вечера со Села и Гаши

(ФОТО) Мицкоски на вечера со Села и Гаши

Во тек е вечера на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Нивната средба следува по учеството на денешната конференција „Конзервативни народни партии – градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ” во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ која се одржа во хотелот „Хилтон“.

Пред почетокот на конференцијата, чија главна цел е да се изградат мостови на соработка ќе учествуваат и гости од Косово и Албанија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ова е прв чекор и дека би сакал да кулминира со заедничка коалиција пред локалните избори.

-Цениме како десничарски конзервативни партии, сестрински партии во рамките на Европската народна партија заедно со нашите пријатели овдека во Македонија, тоа е Алијансата на Албанците и Алтернатива, можеме и те како да допринесеме во иднина за брз напредок на нашата држава во рамките на евроинтеграциите, спроведување на реформскиот процес, се разбира и практично на македонските граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност иако можеби понекогаш за некои теми имаме би рекол различни мислења, рече Мицкоски.