Македонскиот претседател, Стево Пендаровски вечерва присуствува на вечерата пред Парискиот мировен форум. Toj беше пречекан од францускиот претседател, Емануел Макрон.
–Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици – напиша Пендаровски на Фејсбук-профил.
Тој утре ќе има и средба со Макрон, на која се очекува да разговараат за ЕУ перспективата на Македонија.