Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која може да се слушне гласот на градоначалникот на Василево Марјан Јанев, како заедно со градоначалникот на Дојран делат предизборен поткуп и ветувања.
Според поднесената кривичната пријава во МВР, Ристов Елвис изјавил дека лицата Блажо Н, Стево Трајков, Сашко Н, Никола Колев, Никола Сандов, и Лазо Котутовиќ му се заканувале.
Да одиш во полиција, ние ќе ти кажеме во која соба да дадеш изјава за снимката дека сме се шалеле и дека било заебанција, му кажал Блажо Н на Елвис.
Ќе ти ја скршам главата, паразит, нема така да завршиш. му се заканил Сандов на Евлис
Инаку полицијата трага по градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, и по лицето Лазо Кутуровиќ – Д’лгио поради давање на предизборен поткуп во Василево и во општините кои гравитираат околу струмица, објави денеска Инфомакс.