Кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш.
Како што информираат од ЈП „Плаваја“ од Радовиш, јакната е извлечена од пумпа на препумната станица од колекторот за фекални води кон пречистителната станица кај населбата Раклиш.
Тоа беше причината за застојот и тоа кажува колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро – се наведува во објавата на радовишкото комунално претпријатие.
Оттаму го информираат несовесниот граѓанин дека кожната јакна е во пречистителната станица и не е оштетена и доколку сака, може да си ја подигне.