Македонија 26. март 2018. / 12:16

ФОТО: Кој е пријателот-моќник на Боки 13 што го штити од законите ?

ФОТО: Кој е пријателот-моќник на Боки 13 што го штити од законите ?

Многу нерешени прашања се јавија после скандалот со шверц на екцентричниот Бојан Јовановски алијас Боки 13, „хуманитарец“, ЛГБТ активист и од неодамна сопственик на новата “Еден“ телевизијаОвој силен поддржувач на владејачката СДСМ, е фатен како сака да шверцува луксузни чевли, ремени,  и очила за сонце, на скопскиот аеродром. Информациите велат дека тој се обидел да ги прошверцува во земјава, без да плати царина за нив, со што се сомничи дека сторил кривично дело согласно чл.263 ст.3. Од тие причини цариниците му изрекле огромна глоба во висина од 15.000 евра. Но оваа глоба Боки 13 нема да ја плати. Од она што неофицијално се дознава интервенирано е од високите кругови на власта оваа казна да биде скината, а Боки 13 да биде ослободен од секаква вина, а додатно ќе му бидат вратени сите луксузни брендирани парчиња на облека.

Ваквото запленување од страна на Царинската управа е забележано и во редовниот билтен на запленети стоки кој им се испраќа на медиумите. Таму ќе биде забележано: „ Во патните торби на патник кој пристигнал со лет од Виена, биле пронајдени 15 пара обувки (машки и женски чевли, папучи и чизми), 3 машки ремени и 1 пар очила за сонце, од разни познати светски брендови“, и понатаму се наведува дека против патникот ќе биде поведена прекршочна пријава.

Симптоматично е што Боки 13 веднаш по превземањето на власта од страна на СДСМ го почна проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тој оствари средби речиси со целиот државен врв. Така со премиеротЗоран Заев се сретна на офицјална средба во Владата на Република Македонијасо  министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска имаше официјална средба во просториите на министерствотоа исто така беше примен и од страна на министерот на МВР, Оливер Спасовски, а забележан е како интезивно другарува и со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Боки е забележан и во друштво на контроверзниот бизнисмен, а сегашен заменик градоначалник на Град Скопје, Енвер Малиќи.

Боки 13 во еден од своите настапи ја промовираше идејата дека сака да посвои три деца од кои едното да биде православно, другото муслиманче, а третото да било со пречки во развојот. Случајно или не дури и премиерот Зоран Заев најави дека е отворен за дебата и за легализација на хомосексуалните бракови, што значи и посвојување на мали деца од страна на хомосексуални двојки. Поддршка за оваа иницијатива на Боки13 стигна и од пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски која присуствуваше на неговата објава објава за желбата да посвои три деца. А дека е на иста линија со размилување како Боки 13 докажа и колешката на Ременски, пратеничката Ивана Туфегџиќ која на едно од госутвањата на “Топ Тема“, изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.

Боки 13 докажа дека да си подржувач на партијата на власт си има свои привилегии. Тој и Бекир Асани и покажаа на целата јавност во Република Македонија дека за овие луѓе не постојат закони.