Македонија 07. јули 2020. / 17:52

(ФОТО) Јосифовски: СДСМ врши притисоци и има списоци за партиски вработувања

(ФОТО) Јосифовски: СДСМ врши притисоци и има списоци за партиски вработувања

Како што изминува кампањата, паниката во СДСМ е се поголема. Како што се зголемува паниката кај функционерите на СДСМ, така се зголемува и притисокот врз членството и партиските активисти на СДСМ, напиша на Фејсбук, Марко Јосифовски претседател на УМС Битола на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, неможејќи да ги издржи повеќе притисоците од една страна и негодувањата кои доаѓаат од теренот, висок функционер на СДСМ од Битола, ми достави документи во кои се мапирани лица кои треба во иднина да бидат запослени, со дополнителни податоци кој и каде треба да се искординира и кој треба да отиде на местото. Добив и списоци со имиња и телефонски броеви од акциите глас плус и од интерните акции кои ги спроведуваат веќе вработените во образование и Јавните Претпријатија во кои има 1+10 и 1+20.

Сфатете го ова како еден вид погрешно свртување кое за жал ни ја однесе Република Македонија во сосема погрешна насока.

Но, еве го кај е 15ти Јули, целиот народ ќе има можност да се определи за #ОбноваНаМакедонија и за спас на своите семејства и својата иднина во Република Македонија., напиша Јосифовски.