Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска за големиот празник Богојавление – Водици, беше во посета на Битола, Ресен и Прилеп.
Ѓорчев се сретна со граѓаните на овие градови, а имаше можност и да види многумина млади луѓе кои што скокнаа во студените води, да го фатат крстот.
-Денес за Водици бев во Битола, Ресен и Прилеп.
Македонскиот народ е силно приврзан кон своите традиции. Верата, надежта и љубовта секогаш се дел од битието на нашиот народ.
Видов стотици млади луѓе кои сконаа во студените води. Тие се иднината на Пелагонија и Преспа. Тие се иднината на Македонија.
Бог се јави! – напиша Ѓорчев на Фејсбук.