Македонија 02. мај 2020. / 17:19

(ФОТО) Генералниот секретар на Владата Рашковски наредил бришење на ,,Сонцето од Кутлеш” низ Македонија

(ФОТО) Генералниот секретар на Владата Рашковски наредил бришење на ,,Сонцето од Кутлеш” низ Македонија

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски од општинските власти барал да направат список со сите локации и објекти на кои е аплицираа “Ѕвездата од Кутлеш” која Грците ја нарекуваат ѕвезда од Вергина а според Преспанскиот договор Македонија не смее да ја употребува, пишува expres.mk.

Во допис од општината Карпош од петмина од вработените во месните и урбани заедници се бара да излезат на терен и да ги евидентираат сите шахти и други објекти каде е впишан или изгравиран овој симбол.

Според пораката евиденцијата на сонцето од Кутлеш треба да заврши “до среда” .

Имејл пораката од општина Карпош се појавува откако во Крива Паланка градоначалникот се обиде во полицискиот час со брусилица да го одстрани симболот од градскиот плоштад.