Македонија 29. јануари 2020. / 19:45

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) МВР-СДСМ: Заменик-министерката Петровска со партиски ангажмани!

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) МВР-СДСМ: Заменик-министерката Петровска со партиски ангажмани!

Иако функциите и ингеренциите што ги имаат членовите на техничката влада се насочени кон тоа да се овозможат услови што ќе гарантираат за одржување фер и демократски избори, има многу примери од техничките министри и заменици-министри од СДСМ што ја злоупотребуваат добиената функција.

Таков пример, за неизвршување на законските обврски и злоупотртеба на доделените ингеренции е заменичката-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Таа, се чини решила, максимално да ги искористи трите месеци, колку што и трае мандатот до одржувањето на изборите, и се посветила на извршување на партиските задачи.

Така, Петровска секојдневно има некоја посета на партиските штабови на СДСМ од Бутел преку Куманово низ цела Македонија, каде што од позиција на член на владата ги мобилизира и организира симпатизерите и членовите на својата партија, наместо да се грижи за прашања поврзани со одржувањето безбедни и демократски избори.