Македонија 27. јули 2018. / 13:55

(ФОТО) Филипче ќе создаде зараза: Еве каде се чува храната за пациентите

(ФОТО) Филипче ќе создаде зараза: Еве каде се чува храната за пациентите

Вистинска депонија има во подрумот на клиниката за Хирургија во склоп на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, покажуваат фотографиите до кои стигна Лидер.

На фотографиите може да се забележи огромна количина на отпад токму во пролазот на подрумот, каде што поминува и се чува храната за болните кои лежат на хирургија.

До пред некој ден Град Скопје и Министерството за здравство, воопшто не го чистеа дворот на клинички, што предизвика лавина реакции во јавноста по кои се интервенираше. Ова е уште поголем скандал, ако се има в предвид, дека се работи за место од каде се доставува храната за болните.