Македонија 03. декември 2018. / 10:14

(ФОТО) Еве кои пратеници гласаа за Република Македонија да се избрише од Уставот

(ФОТО) Еве кои пратеници гласаа за Република Македонија да се избрише од Уставот

Собранието на Република Македонија на продолжението на 64. седница со 67 гласа „за“, четири „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија.

Во првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Според пратениците од владејачкото мнозинство на чело со СДСМ, Амандманот 33 се однесува на името на државата и со него конечно се дефинира името на нашата држава во поширок историски контекст. Според нив, географската одредница Северна која се додава е практично реално, но и историско решение на дефинирање на модерна држава, која сака своето постоење да го гради на универзални принципи во глобализиран свет.

Од најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека Договорот од Преспа е капитулантски и дека, според нив, со него проблемите нема да завршат, туку само ќе се отворат нови. Вмровските пратеници сметаат дека со договорот се става крај на Република Македонија, бидејќи практично ќе ја снема без, како што велат, грам барут.

Ова е списокот на пратеници кои гласаа за нацрт-амандманот со кој се предвидува промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија.