Македонија 30. декември 2018. / 11:53

(ФОТО) Ева Заева и дечкото за Нова година во Дубаи – за 20 минути забава, потрошиле 1050 евра!

(ФОТО) Ева Заева и дечкото за Нова година во Дубаи – за 20 минути забава, потрошиле 1050 евра!

Внуката на премиерот Зоран Заев, Ева Заева и нејзиното момче Душко Чифлиганец, новата 2019 година ќе ја дочекаат во Дубаи – се пофали на инстаграм младиот Чифлиганец.

Егземпларите на македонската „Златна Младина“, уживаат на едно од најмондентските и најскапите места во светот.

Чифлиганец, инаку син на тајкунот Ванчо Чифлиганец, на инстаграм објави фотографии за да се пофали дека со Ева веќе пристигнале во Обединетите Арапски Емирати, каде веќе уживаат во летање со подобран над ова маркантно место со величествен пејсаж.

Знаејќи го капиталот кој нивните семејства го имаат акумулирано на сметка на македонските граѓани – летањето можеби Заева и Чифлиганец не ги чини многу – но, од потрошената сума би му се кренала коса на секој просечен граѓанин на Република Македонија.

Проверката на интернет покажува дека само за летање со подобран на оваа локација (The Palm), кое трае дваесетина минути, за еден човек се плаќа 2199 Динари на Арапските Емоирати или конвертирано, околу 523,5 евра. Ова значи дека за овие 20 минути уживање нашата златна младина потрошила околу 1050 евра.

Се ова се случува додека во компаниите на Заеви, за да произведуваат ајвар вработените земаат околу 12.000 денари плати. Само за 20 минути летање со подобран, Заева и нејзиниот дечко потрошиле скоро 6 месечни плати на еден вработен во фирмите на Заеви.