Македонија 19. мај 2020. / 12:10

(ФОТО) Еколошка негрижа во Охрид: Слободно се истура шут во близина на езерото

(ФОТО) Еколошка негрижа во Охрид: Слободно се истура шут во близина на езерото

Нема крај на негрижата за животната средина во Охрид и неговата околина.

Последниот случај што ја разбранува јавноста беше изградбата на нелегалното ѕидче на плажата Градиште, претходно беа неколкуте дивоградби во централното градско подрачје, но под удар е и околината на градот и крајбрежјето.

Една од таквите локации е никната дива депонија спроти кампот Парк, која секојдневно станува се поголема.

За состојбата на оваа дива депонија реагираа граѓани коишто испратија фотографии од камиони полни со смет и шут, како го истураат ѓубрето каде што ќе стигнат и мирно си заминуваат по нов товар ѓубре што потоа повотрно ќе заврши на депонијата.

Граѓаните загрижени за оваа депонија во близина на езерскиот брег целосно да не излезе од контрола реагираат до надлежните да излезат на терен, да извршат контрола и да го сопрат безредието и уништувањето на околината на градот што треба да биде македонски туристички центар.