Македонија 22. март 2019. / 12:26

(ФОТО) Државниот завод за ревизија се преименува во завод на Северна Македонија

(ФОТО) Државниот завод за ревизија се преименува во завод на Северна Македонија

По промената на името на Република Македонија во Северна Република Македонија државниот завод за ревизија се премименува во завод на Северна Македонија.

Владата ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

На пример Национална установа МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР Скопје го носи името Република Северна Македонија, Национална установа МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР Скопје. Народна банка на Република Македонија е преименувана во Народна банка на Република Северна Македонија.