Македонија 26. март 2020. / 22:56

(ФОТО ДОКАЗИ) Рашковски им бара пари и им злоупотребува лични податоци на заглавените во странство!

(ФОТО ДОКАЗИ) Рашковски им бара пари и им злоупотребува лични податоци на заглавените во странство!

Лицата затекнати во странство кои утре со чартер лет треба од Малта да се вратат во земјава, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Македонија и ќе пополнат iзјава дека се согласни по пристигнување бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Јавниот повик кој го упати Генералниот секретаријат на Владата се наведува декалицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

Оттука логично се поставува прашањето како ќе го направат тоа знаејќи дека тие се обврзани на задолжителен 14-дневен каранти?

Но, тоа не е се. До редакцијата на Лидер стигнаа и фотографии од вибер група, креирана од генералкниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со имињата и презимиња, како и личните податоци, матични броеви и слично, од сите 148 парници заглавени во Малта кои утре треба да пристигнат на скопскиот аеродром.

Се поставува прашањето, како смее список со сите лични податоци да се праќа во Вибер група, имајќи предвид дека матичниот број на граѓанинот е индивидуална неповторлива ознака на идентификационите податоци на граѓанинот и истиот може да се обработува само врз основа на претходна согласност на граѓанинот или под услови утврдени со закон?

Во прилог вибер комуникацијата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски со граѓаните и нивните блиски кои се заглавени во Малта.

Во продолжение и списокот со лични податоци од патниците кој генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, го праќал по вибер група.

Договорот помеѓу патниците и Владата, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.