Македонија 05. јануари 2019. / 12:51

Вакцини со поминат рок се даваат во диспанзерите?!

Вакцини со поминат рок се даваат во диспанзерите?!

Активистка на социјалните мрежи објави фотографија од вакцина со по поминат рок, која се дава во диспанзерите.

На фотографијата се гледа дека вакцините против морбили, паротитис, рубеола, кои се даваат во диспанзерите се со поминат рок, односно рокот на употреба е до 10 месец 2018 година. Според активистката фотографијата е направена пред некој ден.

-Сликата е сликана вчера во диспанзер, а како доказ на нас скептичните, необразовани, гугл експерти, дека сепак имаме вакцини од Белгија, а не од Пакистан. Само еден мал детаљ им промакна – напиша активистката за сликата.