Македонија 31. август 2018. / 10:59

(Фото) Директорот на Институтот за белодробни заболувања со службено возило доаѓа на работа

(Фото) Директорот на Институтот за белодробни заболувања со службено возило доаѓа на работа

Директорот на Институтот за белодробни заболувања, Предраг Божичковиќ, користи службено возило за доаѓање на работа.

Директорот, кој живее во Куманово, секојдневно го користи возилото на релација Скопје-Куманово и обратно. Со ова тој ги злоупотребува ресурсите во здравството за приватни цели.

Оваа информација се потврдува со фотографиите до кои стигна Лидер, на кои се гледа дека службеното возило на директорот е паркирано во близина на неговиот дом.

Божичковиќ е гинеколог и на директорското место во Институтот во Скопје дојде од приватна здравствена установа, поточно гинеколошка орданицаија од Куманово.