Некатегоризирано 25. март 2020. / 14:41

(ФОТО) Дел од граѓаните и натаму неодговорни: Не се грижат дали има корона на шалтерите во МТВ

(ФОТО) Дел од граѓаните и натаму неодговорни: Не се грижат дали има корона на шалтерите во МТВ

Мерката за држење безбедно растојание со другите, помеѓу 1 и 2 метри, како и забраната за групи од над 5 лица на јавно место не се почитуваат.

Граѓаните кои екипата на Лидер ги затекна пред зградата на МТВ, каде се вадат лични документи, не почитуваат некои од мерките на Владата кои се однесуваат за зашитита на населението од ширење на корона вирусот.

И покрај тоа што се забележува зголемено присуство на полицијата, очигледно е дека униформираните лица никого не опоменуваат дека мерките не се почитуваат. Единствено што прават е што пропуштаат само по неколку лица да влезат во зградата.

Уште помалку свест и одговорност, по се изгледа, покажуваат граѓаните кои без никаков ред, повеќето без маски и ракавици речиси се туркаат да влезат на шалтерите во МТВ.

 

Внатре во зградата, никаде не може да се забележи било какво средство за дезинфекција. Нема ни во кабината, каде меѓу другото, се оставаат отисоци од прст. Таму службените лица носат маски и ракавици, но кабината откако странката ќе заврши со работа не се дезинфицира.

-Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна, стои во член 206 за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Очигледно е дека државата и институциите и самите не ги почитуваат мерките, но и граѓаните чија свест е ограничена во однос на тоа да дадат свој личен придонес во борбата против овој вирус, имајќи предвид дека е нов, непроучен, нема лек и вакцина.