Македонија 14. декември 2018. / 15:25

(ФОТО) Ахмети повторно облече униформа на УЧК

(ФОТО) Ахмети повторно облече униформа на УЧК

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, во униформа на УЧК го честита формирањето на кососвката војска. На јавноста и е познато дека Ахмети беше активен учесник во косовската ОВК во војната во 1999 година, од каде му беше понудена и пензија, за во 2001 година како врховен командант застане на чело на паравоената ОНА.

– Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите.

Косовската војска е уште еден темел на мирот и стабилноста на целиот регион со евроатланска перспектива што од денес, не само Косово, туку и цела Југоисточна Европа, добива уште еден сојузник во напорите за изградба на демократските западни капацитети во нашите држави, достојни за интеграција во НАТО и Европската унија. – меѓу другото напиша Ахмети во честитката.