Македонија 21. април 2019. / 14:19

(ФОТО) Агитација и закани на избирачко место во Гази Баба: Со комбе донесени лица за да се закануваат

(ФОТО) Агитација и закани на избирачко место во Гази Баба: Со комбе донесени лица за да се закануваат

За нерегуларности на гласачкото место 2510 до 2515 во училиштетео „25 Мај“ во Гази Баба, јавуваат репортерите на Лидер од терен.

20-тина лица беа организирано со комбе донесени пред училиштето „25 Мај“ во кое гласат претежно граѓани од албанска етничка припадност. Насилниците агитираат и им се закануваат на граѓаните да гласаат за еден од кандидатите – јавува репортерот на Лидер.