Македонија 19. август 2018. / 13:59

Фондот за иновации плаќа 20.000 евра за консултации

Фондот за иновации плаќа 20.000 евра за консултации

Фондот за иновации на Електронскиот систем за јавни набавки објави тендер за набавка на правни услуги за период од една година (2018/2019) со проценета вредност од 1 милион и 230 илјади денари или приближно 20 илјади евра. Огласот е објавен на 16 август, а целта е да обезбеди правна помош, консултации и правни совети.

Правните услуги, меѓу другото, опфаќаат и стручна поддршка при дефинирање критериуми за подобност на корисниците на Фондот од различни инструменти за поддршка, дефинирање процедури за финансиски исплати кон корисниците од инструментите за поддршка, усогласување на критериумите за доделување поддршка со одредбите од законодавството за државна помош…

Постапката за доделување на договорот треба да ја спроведе Комисија за јавни набавки при Фондот за иновации составена од 3 члена. Критериумот за избор е економски најповолната понуда.