Македонија 24. септември 2020. / 16:29

Фокус: Нова компанија на Влатко Мијалков води кон пајажина од дваесетина фирми

Фокус: Нова компанија на Влатко Мијалков води кон пајажина од дваесетина фирми

Во најновиот број магазинот  Фокус открива нов скандал поврзан со семејството Мијалкови.

Со наслов „Нова компанија на Влатко Мијалков води кон пајажина од дваесетина фирми“, помалиот брат официјално станал бизнисмен.

Фокус открива дека помалиот брат на Сашо Мијалков и братучед на Никола Груевски, по повлекувањето од македонската Царина, се вработи во приватна фирма, но основал и сопствена компанија.

„Фокус“ открива мрежа од над 20 компании, меѓусебно поврзани преку заеднички сопственици, управители и/или адреси.