Македонија 29. јануари 2020. / 11:25

Филиповска: Дадов донација од 25.000 евра за телевизија на Боки 13 и 8.000 евра позајмица

Филиповска: Дадов донација од 25.000 евра за телевизија на Боки 13 и 8.000 евра позајмица

„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“.

Филиповска рече дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра и додаде дека сакала само да помогне. Дополнително, таа дала околу 500.000 денари позајмица на „БМЈ Медиа груп“, фирмата сопственик на „1ТВ“.

Филиповска рече дека никогаш не примила пари од оваа фирма, единствено дала бидејќи сакала да помогне на Телевизијата. Лила Филиповска, беше со Боки 13, кога на 15 јули тој сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.