По растот на бројот на новозаразени последниве денови, дури две општини, Неготино и Гевгелија побараа воведување полициски час на нивната териториија за да се стави вируот под контрола, но министерот за здравство Венко Филипче, вели дека за тоа засега нема потреба.
– Доколку се одлучи дека тоа може да има некаков ефект тогаш да, но засега во ниеден град нема потреба од полициски час, рече Филипче, при денешната посета на почеток на градежните работи на поликлиника во Општина Сарај.
Тој појасни дека во овој момент болничките капацитети не се загорзени. Место има, а се следи дали ќе продолжи трендот на раст.
– Но, на почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот во однос на нови рестриктивни мерки, нагласи Филипче, кога треба да се состане Комисијата за заштита од заразни болести.
– Тоа што го анализиравме во претходните денови беше анализа по градови, како и генотипот на вирусот, и да, зголемениот број новозаразени се должи на британскиот вирус над 70 отсто. Зголемена инциденца има во Скопје, Охрди, Прилеп, Кавадарци, рече Филипче.