Македонија 03. декември 2020. / 16:08

Филипче утре на работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19

Филипче утре на работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19 како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

На состанокот ќе се разгледаат и искуствата на европските земји во делот на подготовките за вакцинација, по што јавноста ќе биде информирана за оперативниот план за вакцинација за Кови-19.