Македонија 25. јуни 2020. / 15:29

Филипче: Соочени сме со бран посилен од првиот

Филипче: Соочени сме со бран посилен од првиот

Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот како последица на олеснување на рестрикциите, но повеќе како последица на една серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца, дезинфекција и често миење на рацете, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Многу пати досега ја упати пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и во моментот единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите, секако и здравствените работници, но и здравствениот систем во целост.

Нашиот здравствен систем во овој момент е целосно прилагоден кон новата состојба, секојдневно ја следат состојбата на болничките капацитети, на медицинскиот кадар и на дневна основа по потреба правиме и прилагодување, ротации на здравствените работници со цел да одговориме на овој предизвик, рече Филипче.