Министерот за здравство Венко Филипче неколку дена и покрај пријавите на вработените се трудел да го скрие случајот со директорката на клиниката за дерматологија Нина Цаца Биљановска која е заразена од корона вирусот – дознава „Лидер“ од извори на клиниката.Се направил цел тим кој требало да го менаџира случајот.
Дека имало закани случајот да се крие на „Фејсбук“ потврди и еден доктор.
Докторот Ненад Лазаров сподели неколку статуси на „Фејсбук“ во врска со заразената директорка на клиниката за кожни болести во кој наведе дека докторката не се пријавила сама, туку дека ја пријавиле колегите, поради што таа им се заканувала со откази.
„И тоа колеги ја пријавиле, не сама!
Па уште и претела со откази…
Министер, ја смени веќе нели?“, напиша Лазаров.
Докторот воедно прашува и дали во саботата била на дерматовенеролошки симпозиум.
„Беше ли директорката на дерматовенеролошки симпозиум во Рагуза во Саботата?
За едно 100тина кожни лекари прашувам дали треба да се у карантин?“, прашува доктор Лазаров во втората објава.
Постои основа за кривична одговорност за директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска.
Според Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето кој се однесува на пренесување заразна болест пишува:
Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.