Македонија 19. септември 2020. / 11:24

Филипче: Правиме анализа за зголемената смртност, денеска уште пет лица починаа од Ковид 19

Филипче: Правиме анализа за зголемената смртност, денеска уште пет лица починаа од Ковид 19

Министерот за здравство, Венко Филипче изрази загриженост за зголемената смртност кај пациентите заразени со Ковид-19 и соопшти дека прават анализа зошто е тоа така.

Според неговите последни информации, во последното деноноќие починале уште пациенти.

-Точно е дека последните денови е зголемен бројот на починати како последица на ковид-19, и тоа последиве три дена. Претходно процентот беше 6,5, сега е некаде 8. Правиме анализа, не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Таа анализа ќе заврши на почетокот на следната недела и ќе можеме да кажеме на што се должи и дали треба дополнително нешто да се преземе, рече Филипче при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата.