Македонија 26. март 2020. / 16:21

Филипче потврди шесто заразено лице вработено на Клиниката за дерматологија

Филипче потврди шесто заразено лице вработено на Клиниката за дерматологија

Уште едно лице вработено на Клиниката за кожни болести во Скопје е позитивно на коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска Министерствоо за здравство соопшти за новодијагоностицирани 24 лица со што вкупната бројка во земјава е 201 лице.

Вчера беше соопштено дека 5 лица од тестираните 30 кои имале контакт со поранешната директорка на Клиниката се позитивни на вирусот, но дека немале никакви симптоми.