Македонија 24. март 2020. / 18:33

Филипче потврди: Најмладиот пациент е двегодишно дете од Скопје

Филипче потврди: Најмладиот пациент е двегодишно дете од Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека двегодишно дете е најмладиот пациент во земјава заболено со коронавитусот.

Двегодишно заболено дете од Скопје, заедно со своите родители имаат позитивни тестови на вирусот, но се во стабилна состојба и се во домашно лекување, рече Филипче.

Министерот потврди дека во изминативе 24 часа, до 12 часот има 12 нови случаи на корона вирус, седум од заразените се од Скопје, а пет од Куманово.

Со ова вкупната бројка на заразени од корона вирус во земјава се искачи на 148 лица, едно лице е излекувано, а две починати. Најмногу заразени има во Скопје, 88 лица, 40 во Дебар, во Куманово осум, во Охрид, Штип и Гостивар.

Дваесет и девет пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а таму една пациентка е на респираторни апарати, а шест пациенти се со потешка клиничка слика, кажа Филипче.