Министерот за здравство Венко Филипче информира дека под 15 проценти од заболените од вирусот КОВИД-19 во земјава се на болничко лекување, дел се со полесни симптоми и на домашно лекување, а останатите се асимптоматски случаи, објави Канал 5.
Некаде под 15 проценти е бројот на дијагностицирани лица кои се наоѓаат на болничко лекување, другите се со полесни симптоми и се на домашно лекување и останатиот дел се асимптоматски случаи, посочи Филипче во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија.
Тој рече дека другите жаришта на КОВИД-19 во земјава, освен во Скопје, постепено спласнале.
Предвидувањата на епидемиолозите, ова морам да го кажам со резерва, се дека следната недела, периодот што следи може да се очекува дека и скопското жариште постепено ќе спасне, рече министерот.