Македонија 02. април 2020. / 11:26

Надлежните со препорака како да се лекувате дома ако имате полесни симптоми на Ковид-19

Надлежните со препорака како да се лекувате дома ако имате полесни симптоми на Ковид-19

Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот, објави на својот „Фејсбук“ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој препорачува да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19 кои се наменети за лицата со суспектна или лабораториски потврдена инфекција и се на домашно лекување, како и за членовите на семејството кои доаѓаат во контакт со сомнителен или потврден случај на ова заболување, објавени на линкот https://bit.ly/2UzgeDY