Македонија 17. февруари 2021. / 10:33

Филипче објасни зошто не се вакцинираше прв

Филипче објасни зошто не се вакцинираше прв

Министерот за здравство Венко Филипче, даде изјава после почетокот на имунизацијата која почна денеска во Скопје во модуларната болница на Инфективната клиника.

Иако имаше најави дека тој прв ќе се вакцинира, Филипче објасни зошто не го стори тоа.

-Не сакам да земам дози, и им оставам на колегите кои директно се вклучени во битката, односно директно се во контакт со ковид пациенти, рече Филипче и додаде дека вакцинацијата е единствениот начин да се спречи пандемијата.

Филипче објасни дека планот е засега вакцинацијата да се одвива во Скопје, каде ќе доаѓаат здравствените работници од другите градови.

-Засега планот е да се одвива вакцинацијата во Скопје, интензивно во овие денови, за вработените на другите болници вакцинацијата е предвидена за во текот на викендот, и почетокот на идната недела. Засега ќе доаѓаат тука, рече Филипче.

Втората доза на вакцината ќе треба да се прими за 21 ден.