Одговарајќи денеска на новинарски прашања на прес-конференцијата за коронавирусот, министерот Венко Филипче изнесе мислење дека најдобро е средбата од Лигата на нациите Македонија – Косово да се одигра без присуство на публика бидејќи ќе има големо присуство на гости од странство.
Филипче информираше дека препораката за играње спортски натпревари без гледачи ќе биде продолжена до 13-ти март.