Министерот за здравство д-р Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид-пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.
-Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари, потенцираше Филипче.