Македонија 31. март 2020. / 10:38

Филипче: Линеарниот раст на заболени охрабрува, пикот на епидемијата допрва доаѓа

Филипче: Линеарниот раст на заболени охрабрува, пикот на епидемијата допрва доаѓа

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален „Фејсбук“ профил наведе дека иако е сѐ уште рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, и посочи оти бројот на заболени е приближно еднаков секој ден.

– Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот, пишува Филипче на „Фејсбук“.

Тој додава дека пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега, како што наведува, потребно е сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.