Владата по препорака на Комисијата за заразни болести издаде нови 14 мерки против корона вирусот кој важат од денеска. Меѓу нив е и мерката со која се забрануваат сите масовни собири и настани со над 1000 учесници во следните 14 денови.
На прашањето дали тоа ќе влијае на предизборието и официјалната кампања која почнува на 23 овој месец, министерот Филипче објасни дека задолжителна забрана има само за масовните собири на кои ќе има над 1000 луѓе, сè што е под оваа бројка ќе важат само препораките, кои се според искуствата од другите земји.
– Во моментов за изборниот процес не размислуваме. Ова се епидемиолошки препораки и мерки кои треба да важат 14 дена и доколку има потреба да се продолжат, зошто ова е врвен приоритет на една земја. Не калкулираме со партиски собири и кампањи, рече Филипче.