На повикот на Филипче институциите за истражат кој организира забави, доби и директен одговор кој ги прави овие забави.
Кога ќе се погледнат фотографиите ќе се види дека во дискотеката во Струмица забави организираат лица кои ја промовираа и поддржуваа предизборната кампања на СДСМ. На социјалните мрежи објавуваат настани на функционери од партијата на Заев, но и најава за журките во Струмица.
Овие лица изгледа се чувствуваат заштитено од нивниот екс-градоначалник и екс-премиер Зоран Заев па во ек на светска пандемија тие прават забави кои, секако, можат да бидат многу ризични.
На министерот граѓаните на социјалните мрежи му покажаа кој ги организира забавите. Наместо со статуси на социјалните мрежи, Филипче треба да се зафати за сериозна работа бидејќи коронавирусот коси низ Македонија.
По петочната контрола на Клубот „Аватар“ во Струмица утре ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на Ковид-19.
Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.
Сакаме да ги демантираме информациите во кои се вели дека сме ноќен клуб. Не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи. Масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски. Ние немаме надлежност да бараме гостите да носат лична заштита, тие самите одговараат за себе. Работиме на ист начин како и сите други угостителски објекти во градот. Не сме единствените, скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нашиот, има слични забави, но за тоа никој не реагира и не споделува фотографии и видеа по социјалните мрежи. Никој не реагира ниту за мешаниците што се прават на јавните површини каде треба да биде простор за движење граѓаните има поставено маси, а потребното растојание воопшто го нема, велат од „Аватар“.
Инаку, освен во Струмица инспекторите чешлале и други објекти во неколку други градови во државата.