Македонија 27. октомври 2020. / 22:14

Филипче апелира приватните лаборатории да ги намалат цените на тестовите за Ковид-19

Филипче апелира приватните лаборатории да ги намалат цените на тестовите за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче во Топ Тема апелираше приватните лаборатории да ги намалат цените на тестирањата за Ковид-19, пишува 24инфо.

– Во оваа криза сметам дека не треба профит да гледаат. Нека излезат во пресрет и нека ги намалат цените на тестирањето. Соочени со овој голем притисок освен ова зголемување на нашите капацитети од близу 400 тестови ќе ја следиме ситуацијата и оваа недела и ако навистина се уште продолжи овој тренд, не повеќе од петок, сабота, тогаш дефинитивно Фондот ќе склучи договор и со дел од приватните лаборатории по таа референтна цена, едноставно да се зголеми бројот на термини и да се скрати времето на чекање, рече Филипче.