Македонија 26. август 2019. / 11:44

Фетаи: Во судница ќе бидат објавени сите бомби за „Монструм“, и оние кои мене ми ги испраќаа

Фетаи: Во судница ќе бидат објавени сите бомби за „Монструм“, и оние кои мене ми ги испраќаа

На денешното судско рочиште за случајот „Монструм“ беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето на „бомбите”, односно прислушуваните разговори и смс пораките, поврзани со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Во судница ќе бидат презентирани сите материјали кои ни ги достави СДСМ, но ќе ги презентираме и разговорите кои мене ми беа испраќани, појасни обвинителката Фатиме Фетаи.

„Фокус“ веќе објави дека во рацете на СЈО, а сега и на судот има 38.000 „бомби“ поврзани со Монструм.