Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи се огласи за бонусите кои ги заработувала од СЈО, а изнесуваат вкупно 285.00 евра.
Според неа, институциите со брзина на светлината работеле да ги испитаат наводите за земените бонуси во СЈО.
– Се би било поинаку ако институциите би постапувале вака во текот на сите постапки – порача Фетаи.
Фетаи порача дека тие работеле за месечна плата од 1200 евра, плата за која работат сите обвинители во светот.
– Тоа се пари за кои и претходно се зборувало на пресови и се е тоа предвидено со законот за СЈО – изјави Фетаи.
За истражителите на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Фетаи објасни дека не станувало збор за претрес, туку за собирање на документација за предистрага.
Таа порача дека наместо обвинители на предметите тие станале магационери и архивски работници и ги чуваат предметите во кутии.