Екс-специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за четири години не купила ни грам златен накит. Колку што пријавила при стапувањето на функцијата специјален јавен обвинител, толку пријавила и по завршувањето на функцијата.
Во двата анкетни листови Фетаи во графата подвижен имот пријавила дека поседува благордни метали златен накит во вредност од 600.ооо денари.
Фетаи, како и останатите поранешни специјални обвинители не го пријавила „бонусот“ на плата по основ на доверливост во висина од 87.000 евра. Според неа, износот не е многу поразличен од тој што го добиваат пратениците за патни трошоци.
Анкетните листови на Фатиме Фетаи поднесени до Државната комисија за спречување корупција и разликите во нив можете да ги видите ТУКА.