Македонија 16. ноември 2018. / 14:02

Фатиме бара притвор за Груевски

Фатиме бара притвор за Груевски

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“, побара на обвинетиот Никола Груевски да му се определи мерка притвор.

– Неспорно е дека вчера во случајот „Т.Н.Т.“ на обвинетиот Груевски веќе му е определен притвор и сосема логично е да се очекува дека таква мерка би му била определена и во другите предмети во овој суд. Сметам дека е неопходно мерката да биде определена и во овој предмет. При негово притворање во Република Македонија, по барање за притвор во еден од предметите, за другите предмети ќе се укине барањето. – рече Фетаи.

Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, по барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за Груевски, рече дека поранешниот премиер бара азил во Унгарија и не постои можност од избегнување на присуство на рочиштата за овој предмет.

Судијата Душан Јосифов, кој ја води постапката за овој предмет, по барањето на СЈО за одредување мерка притвор за Груевски, рече дека со оглед на тоа оти обвинетиот е пратеник во Собранието, судот по барањето ќе одлучи по добивање на одговор по барање за мерка притвор за пратеник.