Македонија 14. јануари 2021. / 09:47

Европскиот сојуз на музички училишта загрижени за образовните реформи на Царовска

Европскиот сојуз на музички училишта загрижени за образовните реформи на Царовска

Европскиот сојуз на музичките училишта изразува загриженост во врска со најавениот нов концепт за основно образование од страна на Министерството за образование и наука во врска со предлогот за спојување на предметите музичко и ликовно како и намалувањето на бројот на часови.

Во писмото Европскиот сојуз на музичките училишта изразува поддршка на Здружението на музички педагози на Македонија, го поддржува развојот на музичкото образование кај децата и ги истакнува бенефитите од истото.

Европскиот сојуз на музичките училишта е организација која обединува 25 национални сојузи на музички училишта и зборува во името на 600 училишта, 150.000 наставници и 4 милиони ученици.

„Како таква организација ние му го придаваме најголемото значење на музичкото образование не само во музичките училишта, туку и на музиката во училиштата, особено во основните училишта и развиваме тесна соработка со Европското здружение за музика во училиштата.

Денес е општо прифатено и научно докажано дека музичкото образование развива кај децата не само уметнички, туку и образовни, социјални и граѓански способности.

Музиката помага децата да го развијат и зајакнат нивниот карактер и ги подобрува нивните училишни резултати.

Заради сите наведени причини, ние го поддржуваме развојот на музичкото образование низ цела Европа, и во музичките училишта и во училиштата воопшто.

Се надеваме дека тоа ќе биде случај и во Република С. Македонија и ќе Ви бидеме благодарни ако не информирате за развојот на состојбата во Вашата земја“, се вели во писмото на Филип Даларун, претседател на Европскиот сојуз на музичките училишта упатено до Здружението на музички педагози на Македонија.