Македонија 05. јуни 2019. / 16:47

Eвропски дипломат: Промената на името не беше услов за проширување, туку само за влез во НАТО

Eвропски дипломат: Промената на името не беше услов за проширување, туку само за влез во НАТО

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини изјави минатата недела дека ЕУ сега е соочена со Северна Македонија која го реши спорот за името со Грција, пишува австриски „Ди пресе“, повикувајќи се на европски дипломат, но тој аргумент е на стаклени нозе.

Промената на името никогаш не беше услов за проширување, туку само за членствотото во НАТО, истакна европскиот дипломат и додал дека реформскиот процес во Македонија и Албанија не се одвива добро

Инаку, весникот „Ди пресе“ денес објави дека неколку земји-членки на ЕУ се против почнување преговори за членство на Албанија и Македонија. Според весникот, оваа порака денес амбасадорите на земјите од ЕУ ќе му ја пренесат на комесарот за проширување Јоханес Хан на редовниот неделен брифинг. Бидејќи одлуката се носи со консензус на 28. членки, се исклучува дека двете земји од Западен Балкан ќе направат чекор напред кон ЕУ, констатира весникот.

Притоа, во написот се истакнува дека дури и „посетата на Северномакедонскиот премиер Зоран Заев на Брисел не го смени расположението“.