Македонија 14. април 2020. / 22:07

Европската комисија од 26 април ќе дозволи извоз на медицинска опрема за западен Балкан

Европската комисија од 26 април ќе дозволи извоз на медицинска опрема за западен Балкан

Европската комисија дозволи, почнувајќи од 26 април, компании од ЕУ да извезуваат заштитна медицинска опрема (маски) во Македонија и Западен Балкан, без да бараат дозвола.

Инаку пред неколу дена, на иницијатива министерот за надворешни, Никола Димитров, шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан испратија писмо до комесарот за трговија Хоган, комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Борел.

Со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции, односно специјални извозни дозволи, соопшти Министерството за надворешни работи.