Македонија 13. ноември 2018. / 20:35

Европската Комисија нема коментар против барањето за азил на Груевски

Европската Комисија нема коментар против барањето за азил на Груевски

Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип.

-Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните правила, велат од Европската комисија додават дека ова е „судска процедура која не смее да се политизира“.