По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија смета дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.
–Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка – се вели во писмената реакција на Европската Комисија за МИА.
Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство“.
–Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања – стои во кусото соопштение од Европската Комисија.