Европската комисија, во изјава за „Република“ објаснува дека одлуката на министрите за европски работи за почеток на преговори со Македонија не значи и датум за почеток на истите.
Ова е одлука за земјите-членки, за деталите за тоа што е донесено треба да го прашате Советот. Тоа е одлука во рацете на земјите-членки. Како што знаете, Комисијата посaкува поскоро започнување на пристапните преговори со двете држави – вели Ана Писонеро, портпаролката на комесарот за проширување, во одговорт на прашањето на „Република“ кога ќе почнат преговорите со Македонија и зошто не бил следен примерот на Србија и Црна Гора, земји за кои, кога се носеше одлука за преговори, беше одреден и конкретен датум за нивен почеток.