Македонија 25. јануари 2020. / 19:19

Еврокомесарот за проширување го сподели интервјуто на Александар Николоски

Еврокомесарот за проширување го сподели интервјуто на Александар Николоски

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархелји, на својот официјален твитер профел го сподели интервјуто на потпретседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Александар Николоски, дадено за англиската верзија на порталот „Република“.

Во интервјуто, Николоски вели дека Вархелји е голем пријател на Македонија и дека очекува значителен успех во текот на неговиот мандат во Европската Комисија.

– Порака со убави желби, се надевам дека ќе бидам достоен на нив. Среќен сум и сметам дека е важно да соработуваме – напиша Вархелји заедно со споделената објава на Николоски.